Вечерва, на 11 јули, во 20:00 часот на сцената на Театар за деца и младинци – Скопје, ќе се случи премиерната изведба на претставата „Куќата на духовите“, првпат кај нас, хорор комедија за деца, наменета за 8+ возраст, чии автори се Деан Дамјановски и Горјан Милошевски.

Режисер на претставата е Деан Дамјановски, а драматург е Горјан Милошевски.

Претставата изобилува со уникатни костими на костимографката Елена Вангеловска и одлична сценографија на Филип Коруновски. Музиката е на Горан Трифуновски-Пајак.

Во претставата играат: : Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Винета Дамческа Мојаноска, Никола Наковски, Емра Куртишова Стојанова, Симона Спировска и Марија Ѓорѓијовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.