Форум за разумни политики и Фестивалот на европски филм „Синедејс“ денеска во 10 часот во киното „Фросина“ во Скопје го организираат првиот „ Синема форум“.

Cinedays cinema forum е настан на кој киноприкажувачите од балканскиот регион ќе имаат можност да ги споделат своите методи и искуства на работа, како и да се запознаат со новите трендови во индустријата. Имајќи го предвид разлчниот општествен контекст на земјите од регионот, секој киноприкажувач зад своите почетоци, развој и напредок има посебна приказна.

Токму затоа е многу важно претставниците од киносекторот да ги пренесат своите знаења и начини на работење, како и да ги споделат проблемите со кои се соочуваат, недостигот на комептенции и вештини во оваа област.

Cinedays cinema forum е еднодневен настан на кој преку модерирани дискусии ќе се стави фокусот на тоа како да се менаџира кино, кои се новите начини за да се привлече младата публика и како да се биде иновативен во секторот. Првото издание на Cinedays cinema forum е организирано во соработка со „Форум за разумни политики“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.