Фондот на холкауст на Евреите од Македонија третпат распишува конкурс за краток расказ инспириран од стари фотографии со наслов: „Раскажувам фотографија“.

Секој петок, на страницата на фејсбук на Фондот на холокаустот ќе биде објавувана фотографија која ќе биде позврзана со животот на Евреите во Македонија. Фотографијата ќе биде лајтмотив за расказот. Во расказите треба да доминираат случувања од животот на Евреите во Македонија, во минатото.

На втори септември ќе биде објавена првата фотографија и тема, а последната, десетта фотографија ќе биде објавена на четврти ноември годинава. Сите автори ќе можат да праќаат творби до 18 ноември. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на шести декември, а наградите на добитниците ќе им бидат врачени на на првиот ден од празникот Ханука, на 19 декември.

Обезбедени се награди за најдобрите: 25 илјади, 15 и 10 илјади денари.

Најдобрите раскази, според жирито, ќе бидат објавени на ФБ страната на Фондот на холокаустот.
Сите учесници ќе добијат благодарница за учеството на конкурсот.

Прифатливи ќе бидат раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон искоренување на омразата и разградување на предрасудите, раскази кои допринесуваат за соочување со минатото, холокаустот, емпатија, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.

Целта е да се поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е многу популарна, современа и широко прифатена од читателската публика и која има длабоки корени во сефардската раскажувачка традиција.

ПРОПОЗИЦИИ:
– расказите да не бидат подолги од 100 реда
(три страници со новинарски проред или најмногу до 7.000 карактери )
– авторите можат да пишуваат на македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски или англиски јазик
– расказите да не биле досега објавувани

Право на учество имаат сите полнолетни лица. Секој учесник може да учествува на конкурсот со најмногу три раскази.

Ракописите треба да се испратат на: [email protected] со назнака: За конкурсот „Раскажувам фотографија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.