Филмот „Детето во светот“, посветен на поетот, патописец, документарист и новинар Љубе Цветановски, е поставен на Јутјуб за десетгодишнината од неговата смрт. Режисер на филмот е неговиот син Гоце Цветановски.

Филмот се фокусира на сеќавањата од детството на Љубе Цветановски кои се раскажани во неговата истоимена книга, како и снимки со патувањата во над 20 егзотични земји од каде ја збогати македонската ризница со бројни исконски репортажи. Мајсторот на документарниот филм, познат по својот хумористичен и поетски стил, нè води на незаборавно патување.

Добар документарен филм е оној кој личи на игран филм, а добар игран филм е оној кој личи на документарен фим, говореше Љубе Цветановски.

Цветановски е роден во Слоештица, Демирхисарско во 1949 година, а почина во Скопје, на 4 февруари 2013. Тој беше македонски писател, сценарист и патописец, професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, долгогодишен уредник и директор во Македонската телевизија. Нарекуван е доајен на македонскиот документарен филм.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.