ФИЛМАЈ фестивалoт на кратoк филм, организиран од фото-кино клуб “Козјак” – Куманово, од минатиот понеделник (27 ноември 2023) го отвори конкурсот за пријавување за 6-тото издание на фестивалот,

Кратките играни филмови (со траење до 20 минути и завршени после 01.01.2022), до 31 март 2024 година може да се пријават преку платформите FilmFreeway и festhome .

Филмовите може да конкурираат за награда “Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија, награда „Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија, награда „Koзјак” за најдобрo сценарио и награда „ФИЛМАЈ” за најдобар краток филм.

Македонските (домашни) филмови може да конкурираат за награда за најдобар македонски филм, а може да се пријават и во меѓународна конкуренција за горенаведените награди.

Фестивалот ќе се одржи во две последователни вечери во мај 2024 година.

Претходница на главната фестивалска вечер ќе биде проекциска ревија на филмови од претходните изданија на „ФИЛМАЈ“, и промоција на книги со филмска тематика од македонски автори.

Повеќе детали за фестивалот има на Фејсбук-страната fb.com/filmaykozjak .

На истата страна ќе бидат објавувани новости и информации во врска со фестивалот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.