Музичарите од оркестарот на Македонската филхармонија и на синоќешниот концерт “Младите доаѓаат” носеа црвени ленти во форма на музички снижувалки поради штетната одлука која ја донесе Министерството за култура, соопштија од Синдикатот на Македонската филхармонија.

Нашиот протест продолжува се до конечната промена на оваа одлука. Ви благодариме на разбирањето и поддршката – истакна концерт мајсторот Владимир Костов, пред почетокот на концертот.

Во средата, вработените во Македонската филхармонија протесираа и пред Министерството за култура.

И дадоа црвен картон на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, која, се уште не го реши проблемот со просторното сместување на втора институција во концертната сала на Филхармонија.

Наместо грижа и конструктивност при решавање на проблемот, нашата институција е „нападната“ од инспекции и има блокирана сметка.

Оркестарот на Македонската филхармонија утре заминува за Ниш, каде што в недела ќе настапи во рамки на фестивалот “Музички едикт”, стои во соопштението на Синдикатот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.