На програма на филмскиот фестивал во Галичник прво ќе можат да се проследат проекции на краткометражни филмови на Упија на 5, 6 и 7 август, а потоа ќе следува избрана музичка програма со концерт на Ѓорѓи Шарески и Јане Трајковски, како и диџеј-сетови на Гоце САФ и Зоки Бејбе.
Фестивалот почна на 3 август со „Екс – ЈУ“ работилницата за краткометражни сценарија под водство на драмскиот автор и драматург Дејан Дуковски, која ќе трае до 5 август, а учество ќе земат четири филмски проекти во развој од кај нас и од регионот: „Божана“ – Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ -Македонија, „Не е добар ден за паркирање“ – Филип Лафазановски – Македонија, „Базен-дупка“ – Ана Вуќичевич – Србија и „Брат и Мајка“ – Александар Вујович – Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.