11. Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ оваа година ќе се одржи од 10 до 14 септември во паркот „Авионче“ во скопската населба Аеродром.

Фестивалот се отвора со стендап на Антонио Ташковски и Никола Тодоровски во 20 часот. Следниот ден, на 11 септември настап има Импров група со Наталија Теодосиева, Тони Денковски, Григор Јовановски и Дамјан Цветановски. Водител е Борјан Стојков.
На 12 септември (четврток) ќе наспати Кабаре Кабает: Мирослав Петковиќ, Чедомир Митевски, Марио Поповиќ и Мишо Димитриевски. В петок, на 13 септември е стендапот со Бојан Велевски
и Бојан Кирковски, а Фестивалот завршува на 14 септември (сабота) со настап на степдап комичарите од Србија Мишо Бабиќ  и Марјан Ѓорѓиевски од Македонија.

Фестивалот „Гола Месечина“ се одржува со финансиска помош од Општина Аеродром – Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.