Europe House Скопје во соработка со  Студентите од Факултетот за ликовни уметности и Факултетот за драмски уметности, го одбележуваат Светскиот ден на уметноста.

Преку целодневен настан кој ќе се одржи во Сули ан на 15 април (петок) љубителите на уметноста ќе може да  уживаат во над 40 ликовни дела на студентите од ФЛУ,  во проекциите на неколку студентски филмови од ФДУ,  перформанси, разговори за уметноста и културата… проследени со  музика.

Почетокот на настанот е предвиден за 14.00 часот, влезот ќе биде слободен за сите посетител.

Изложба ФЛУ

Изложбата на уметнички дела од студентите на Факултетот за ликовни уметности ќе биде официјално отворена заедно со отворањето на настанот во 14:00 во дворот на Сули ан. На изложбата ќе може да се видат слики, графики, цртежи, инсталации и дигитални дела. Делата ќе бидат поставени во дворот на Сули ан, како и на терасата на горниот кат. Изложбата ќе трае до крајот на настанот, до 19:00.

Учесници на изложбата се: Славчо Павлоски, Благоја Грозданоски, Андриана Милошевска, Ивона Петрова, Лусиана Ампева, Марта Патлиџанковска, Марија Ќурчиева, Ивона Младеновска, Горјана Калевска, Сара Милошевска, Никола Станковски, Валон Идризи, Ванеса Ода, Филип Ристевски, Мартин Калков, Мартин Буровски, Сихана Сејфулаи, Благица Трајкоска, Стефан Божиновски, Марко Печеновиќ, Марија Јаќовска, Теона Милева, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Сара Митковска, Габриела Живковска, Теодора Андоноска, Ева Симевска, Елена Стојкова, Симона Трајановиќ, Ангела Манчевска, Ивана Секулоска.

 

Студентски филмски проекции

Во рамки на настанот по повод Денот на уметностите ќе се одржат и проекции на студентски филмови од студенти на Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, како и Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Филмските проекции ќе се одржат во периодот од 15:00 – 16:00, во едно од ателјеата на горниот кат од Сули ан.

Учесници со свои филмови се: Тина Величковиќ („Филм за Марјан Величковиќ – Мачор“, документарен филм, 2021, 17′ 25″), Розе Симоновска („Автопортрет“, 2021, 5′), Стефан Божиновски („Тука сум“, 2021, 22′ 05″), Ана Андонова („Малечка“, 2020, 14′ 56″).

 

Перформанс „Графичарски експонати“

По повод Денот на уметностите, група студенти од катедрата за графика на Факултетот за ликовни уметности припреми едно дополнително колективно дело. „Графичарски експонати“ е концептуален перформанс кој го посочува чувството кое го имаат студентите за време на својата работа во печатницата, која како дел од просторот на Сули ан е често посетувано место од љубопитни минувачи. Перформансот ќе трае од 17:00 – 18:30 и ќе биде изведен во и околу печатницата на долниот кат од Сули ан.

Учесници во перформансот „Графичарски експонати“ се: Стефан Божиновски, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Габриела Живковска, Ева Симевска, Сара Митковска, Евгенија Трајковска, Теона Милева.

 

Агенда:

14:00 – отворање на настанот и изложбата

14:00 – 18:30 – музичка атмосфера во двор

15:00 – 16:00 – студентски филмски проекции

17:00 – 18:30 – перформанс “Графичарски експонати”

19:00 – затворање на настанот

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.