Во пресрет на големиот празник Илинден, во Крушево, во домот на културата „Наум Наумоски Борче“ вечерва е отворен етно саем со ракотворби, ткаени постелнини и рачно изработени украси со традиционални крушевски везови. Саемот го претставува уникатниот изглед на куќите во еден историски момент по кој Крушево е познато.

Етносаемот пригодно го отвори градоначалникот на Крушево Томе Христоски кој ја нагласи уникатната традиција која ја негуваат крушевчанки.

-Етносаемот е потврда на богатата традиција во Крушево. Инаку, заедно со домот на култура „Наум Наумовски Борче” ја продолжуваме соработката и во моментов очекуваме одговор за финансирањето на реконструкцијата на објектот. Се надевам на позитивен фидбек за да можеме да ја зачуваме оваа зграда, вели Христоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.