Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ утре, 24 јули (среда), во Сули ан, со почеток во 20:30 часот ќе се одржи концерт на Музичка младина на Македонија во соработка со Меѓународна музичка младина (Jeunesses Musicales International) кој ќе претставува завршен концерт од кампот „Етно Македонија 24“.

„Етно“ е програма на Меѓународна музичка младина (JM International) за народна, светска и традиционална музика, наменета за млади музичари на возраст од 18 до 30 години. Програмата се спроведува во 45 земји ширум светот и има за цел да го оживее и да го одржи во живот глобалното културно наследство, ангажирајќи ги младите луѓе преку серија годишни меѓународни музички кампови.

На „Етно Македонија“ годинава учествуваат музичарите Бојан Анакијевски – перкусии – Македонија, Џина Перкиќ – виолина – БиХ,Илда Хамустафиќ – вокал – БиХ, Младен Ристиќ – кавал, саз – БиХ, Камил Сини – флејта – Франција, Јоше Холстајн – виолина – Холандија, Џои Дортен – гитара – Холандија, Маја Селис – виола – Естонија, Лорен Колиер – виолина – Шкотска, Франческа Маночо – виола – Италија, Јорун Лауресенс – хармоника – Белгија, Виктор Буендиа – мелодика – Шпанија, Карл Ериксон – хармоника, Шведска. Нивни уметнички ментори се Ангел Спироски, композитор и диригент од Македонија и Ламија Сариќ, кларинетистка од Босна и Херцеговина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.