На 29.11.2022 (вторник), во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“, во КИЦ-Скопје со почеток во 20 часот требаше да се одржи концерт на кој ќе настапат Марија Јакимовска – флејта и Билјана Петровска – пијано, но поради болест на една од изведувачките концертот е одложен за во декември.
Јакимовска Марија родена 1988 година во Скопје, музичкото образование го започнува на во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј, во класата на проф. Радмила Попоска.
Своето средно образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ , каде и се стекнува со диплома за завршено училиште за средно музичко образование и Диплома за покажани исклучителни резултати, проширени и продлабочени знаења од областа на науката, уметноста и другите видови дејности за талентирани ученици во Јуни, 2007 година.
Од Октомври, 2007 година се запишува како редовен студент на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје – отсек флејта, во класата на Проф. Страшо Темков. Во 2011 година дипломира и се стекнува со титула дипломиран флејтист. Во јуни 2013 година магистрира на ФМУ – Скопје во истата класа. Има посетувано повеќе стручни семинари и мастеркласи кај еминентни професори како: Проф. Лаура Левај и Проф. Моше Арон Епштејн, семинари по камерна музика , под раководство на проф.Страшо Темков, и други. Настапувала како солист со камерниот оркестар при ДМБУЦ„Илија Николовски –Луј“, настапи со Македонската Филхармонија , и голем број настапи на културно–уметнички манифестаци, хуманитарни концерти и неколку самостојни рецитали. Од 2012 година е член на Скопскиот дувачки квинтет како и на камерниот оркестар „Скопски солисти“, понатаму на камерниот состав „ The Quartet“, 10 годишен член на квартетот флејти „Аулос“ и симфонискиот оркестар за филмса музика F.A.M.E’.S. . Редовен учесник на едукативни проекти, како еден од позначајните проектот кој инаку беше дел од пан-европската акција “Balckboard music project”-подржан од ЕУ и Министерството за култура – Евро интеграции и се презентираше во две земји ( Данска и Белгија ) во 2016 г. беше оценет со високи оценки и пријатно изненадувачки прифатен од возрастни групи ( 7-12 год. ) во овие земји.
Добитник е на повеќе лични награди и признанија од државни и интернационални натпревари, семинари.
Моментално вработена во оркестарот на Националната опера и балет.
Билјана Петровска припаѓа на генерацијата на македонски музички уметници – пијанисти кои активно творат.
Дипломира и магистрира на отсекот интерпретација на пијано. Покрај соло настапите, акцентот на интерпретациското творештво кај неа е ставен на камерното музицирање. Има настапувано со многу македонски уметници како и со уметници од светот. Досега има многубројни настапи во земјава и надвор од неа, и има издадено свој компакт диск заедно со кларинетистот Петар Колевски како Дуо Пан. Освен со Дуо Пан, Билјана е основач и активно настапува и со камерните состави трио ВивАрт, квартетот Анумус и квартетот THE QURTET со кој истотака активно настапува. За својата дејност како камерен музичар е добитник на награда за исклучителни резултати како камерен музичар на натпреварот за дрвени дувачи инструменти во Пожаревац, Арангеловац, и на меѓународниот фестивал во Перник, Бугарија. Редовно е вработена во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј” како професор по пијано и пијано соработник. Како професор по пијано има забележано многу успеси со своите ученици, со освоени награди на државни и меѓународни натпревари. Од 2012 година е хонорарен уметнички соработник на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.