Утре, 31 август, во 20 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде отворна изложбата „Еден поинаков полед кон албумот“ на Дијана Томиќ Радевска.
Изложбата e посветена на моето семејството — враќајќи се во градот на предците презентирам историско интимно раскажување.
Колекционирањето на стари семејни фотографии, аналитично го дополнуваат приказните кои обработуваат едно време, еден народ, една историја. Времето е незапирливо а испрекинато низ мислите. Фотографиите, дигитално отпечатени, се поставени во јукстапозиција, со графички листови, со цртежи и со видео, како концепт на документ и истражување. Поставувајќи ја оваа изложба интердисциплинарно и “in situ”, користејќи делови од куќата и фасадата на Музеј ,,Др. Никола Незлобински” кој припаѓал во минатото на моето семејство (дедо по мајка) Несторови го заокружувам концептот, вели Томиќ Радевска.
Дијана Томиќ Радевска(1961), Скопје е мултимедијална уметница и дизајнерка. Работи на графика, цртеж, сликарство, арт инсталација, арт видео и дизајнер. Посветена е на графиката и низ класични техники, дава друга перспектива на уметноста на графиката, експериментирајќи со различни техники во монотипијата и објект-графика.
Дипломирала во 1984 година на одделот графика и графички дизајн на ФЛУ воСкопје.
Член е на ДЛУМ од 1985 година. Реализирала бројни групни и самостојни изложби и студиски престои. Работи и има статус на самостоен уметник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.