Бранимир Џони Штулиќ, некогашниот фронтмен на култната рок-група Азра, ја израдува својата публика со 42 песни снимени на албумот „Каверн“, кој е бесплатен за преслушување.

Штулиќ албумот го постави на својот Јутјуб-канал.

Станува збор за 42 песни под наслов „Каверн“, што значи пештера и се смета за враќање кон корените и изворните вредности.

Албумот содржи претежно нови и досега необјавени авторски песни од Бранимир Штулиќ… Слушнете ги.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.