Дводневен фестивал на класична и нова музика ќе се одржи во „Салон 19:19“ при Културно – информативниот центар (КИЦ), а оттаму додаваат дека целат фестивалот да премине во традиција.

Фестивалот ќе се одржи на 12 и 13 декември, а симболично ќе започнува во 19 и 19 часот.

„19:19 како име и идентитет на на салонот, ќе го користиме како симбол на постоењето на овој фестивал чиј формат, се надеваме, ќе се развива низ годините. Започна случајно, а како прва година ќе биде загревање и обликување на фестивалот, или процес на проценка, во што би требало да прерасне во следните години“, велат од КИЦ.

На првиот фестивалски ден, присутните ќе имаат можност да уживаат во музичките настапи на Дуо „Гелебешеви“, Дуо „Весели/Бафтијари“ и AMPLIDYNE EFFECT & AXIOTOMIC.

Вториот фестивалски ден ќе биде исполнет со елегични песни и мелодии со трио „Имери/ Арифовска / Кацарски“, Калата и Improof.

Влезот на фестивалот е слободен, а настанот е дел од културната понуда на Град Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.