Универзитетската професорка Маја Бојаџиевска е годинашна добитничка на државната награда „Св. Климент Охридски, во областа на воспитанието и образованието, а во областа на културата и уметноста добитници се писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази, соопшти Министерството за култура.

Наградата се доделува како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.

Претседател на Одборот за доделување на наградата беше писателот Томислав Османли, а наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември во 12 часот во свечената сала на Собранието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.