Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар Скопје вечерва, на 1 февруари ќе биде изведена во Словенија. Од 31 јануари до 4 февруари, во организација на Местно гледалишче Љубљана, се одржува словенечкото издание на регионалниот театарски фестивал „РУТА Група Триглав“.
Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Асистент на режија е Димче Николовски, драматург е Александра Бошковска. Костимите во претставата се на Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангелевски, а кореографијата и фри-ранинг техниката е на Симон Симоновски.
Улогите во претставата ги толкуваат актерите Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.
Премиерата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ беше во декември 2021 година и досега има петнаесетина изведби.
Во рамките на фестивалот „РУТА Група Триглав“, театарот гостуваше на сцената на Местно гледалишче Љубљана и во 2022 година со изведбата на претставата „Мојот маж“ на авторката Румена Бужаровска и режисерката Нела Витошевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.