Вториот игран филм на Горан Столевски, „Доволно возрасни“ (Of an Age), вечерва ќе ја има својата македонска премиера во рамките на гала програмата на Синедејс во киното Фросина во Младински културен центар (МЦК) во 21,15 часот).
Лани, на „Синдејс“ беше прикажан неговиот дебитанстски филм „Нема да си сама“.
За разлика од „Нема да си сама“, во кој глумеа и македонски актери, „Доволно возрасни“ е целосно австралиска продукција. Дејството се случува во летото 1999, двајца тинејџери, повлечениот Никола, по потекло од Србија, и енергичната Ебони, се партнери на натпревар по танцување. На денот на натпреварот, Никола добива вознемирувачки повик од Ебони, која го моли да ја спаси од другата страна на градот, па тој бара помош од нејзиниот постар брат, шармантниот Адам. Додека се возат натаму, меѓу гужвата во сообраќајот и пријателското перчење, двајцата млади мажи откриваат искра меѓу нив… Но Адам ја напушта земјата за 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.