Во Домот на културата „Борис Христов” во Пловдив, Република Бугарија, синоќа гостуваше Националната опера и балет на Република Македонија со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон”.

На почеток на настанот беше оддадена почит на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, со либрето и драматургија на Сашо Димоски, музика на Калиопи Букле и кореографија и режија на Олга Панго, а во балетска изведба на првенки и првенци на Македонскиот Балет.

Пловдивската публика ги поздрави нашите уметници со долготраен аплауз. Гостувањето е поддржано со финансиски средства на Министерството за култура на Република Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.