Денеска во 13 часот на Универзтитетот за туризам и менаџмент ќе се одржи доделувањето на наградите за новинарски текст на конкурсот „Есеј за старо Скопје“ што се одржува во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје 2022“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Покрај главните три награди ќе има награди и за 4. и 5. место, а сите учесници на конкурсот ќе добијат подароци.
Членови на комисијата се: Елизабета Кузмановска – новинар, Филип Белчев – Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Марија Антовска – Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.