Овогодинешното доделување на наградите ‘Остен’-Биенале на цртеж Скопје/2022 ќе се одржи во објектот Чифте Амам-(Национална галерија) на 22 февруари-(среда). На свеченоста ќе бидат отворени изложбите Остен Арт Фесативал и 54. Светска галерија на карикатури 2021/22.

На Биеналето ќе бидат презентирани дела од 200 меѓународни уметници од 40 земји. Поради енормно-големиот интерес за учество процесот на работа оваа година примени нов начин на работа, а тоа е селекција-(селектор) и жирирање од Меѓународно жири.

Советот на амбасадори при “Остен” на ‘Биеналето на цртеж Скопје 2022’, одлучи овогодишнен добитник на Гран-при за животно остварување да му се додели на американскиот уметник и теоричар Јозеф Кошут, еден од пионерите на концептуалната уметност. Наградата за Светско културно наследство се доделува на Харменсон фон Ријн Рембрант, Холандија, едно од најзначајните сликарски имиња во  историјата на уметноста на Холандија,  како  и на светската уметност.

Американскиот уметник и теоричар Јозеф Кошут, еден од пионерите на концептуалната уметност.

Џозеф Кошут е еден од зачетниците на концептуалната уметност кој се појави во средината на 1960-тите, и стана главно движење кое напредуваше во 1970-тите и остана влијателно до денес. Тој е пионер во употребата на зборови наместо визуелни слики од секаков вид и ја истражуваше врската помеѓу идеите и сликите и зборовите што се користат за нивно пренесување. Неговата серија од една и три инсталации (1965), во која тој состави предмет, фотографија од тој објект и зголемена фотографска копија од дефиницијата на речникот за него, директно ги истражуваше овие односи.

 

Покрај изложбата на наградени и селектирани уметници на “Остен” Биенале на цртеж Скопје 2022, во истовреме ќе се отвори изложбата на  селектирани-(наградени) карикатуристи на 54-та Светска галерија на карикатури Скопје 2022, на која ќе бидат доделени плакети на наградените уметници и карикатуристи, и признанија на соработници на “Остен”. Со  посебни Гран-при награди од Советот на амбасадори на “Остен” ќе бидат закитени сликарите Свето Манев (С Македонија) и Павле Пејовиќ (Црна Гора).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.