Прес-конференцијата за соопштување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП наместо во петокот (28 јули)  во 10 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одложи за утре 31.07.2023 г. (понеделник) во 11:30 ч. во Струга.

Како што соопштија организаторите на прес-конференцијата во Струга ќе присуствуваат членовите на Жири-комисијата, а ќе бидат поканети и авторите од потесниот избор.

Во потесниот избор се најдоа пет книги.

  1. Башевски Димитар – „Дни, години“, Слово
  2. Коцев Јосип – „Две мориња“, Антолог
  3. Михаилова Бошнакоска Гордана – „Мед и младост“, Макавеј
  4. Трајковски Дејан – „Филмски песни“, Бата прес милениум
  5. Ќулавкова Катица – „На врв на јазикoт“, Арс Либрис

На Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ кој беше распишан од 31 мај до 25 јуни, пристигнаа вкупно 35 наслови.

 




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.