Во наредниот период членовите на жири-комисија ќе ги разгледа сите пристигнати поетски дела кои конкурирале за наградата „Антево Перо“ за 2022 година и ќе направат првична селекција, по што ќе биде сочинет и потесен список на книги кои ќе останат во конкуренција за престижната награда. Победникот на конкурост ќе биде познат и објавен кон крајот на месецов. Годинава во конкуренција се 76 поетски збирки од автори од земјата, но и од автори кои творат на македонски јазик, а живеат во Австралија, Хрватска, Австрија, Шведска и Словенија.
Годинава меѓународната поетска манифестација „Антево перо“, во рамки на која се објавува Конкурсот за наградата „Антево перо“ за необјавена стихозбирка на македонски јазик, одбележува мал, но многу значаен јубилеј – 5 години од воспоставувањето на оваа награда како исклучително поетско признание во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

Со големо задоволство можеме да кажеме дека манифестацијата „Антево Перо“ сѐ повеќе расте и секоја година интересот за учество на Конкурсот за необјавена стихозбирка е сѐ поголем. Пријатно и преубаво е чувството да се сооопшти дека поетскиот натпревар за наградата востановена во чест на поетот Анте Поповски и овојпат предизвика голем интерес, што се огледа во пристигнатите 76 поетски збирки од автори од земјата, но и од автори кои творат на македонски јазик, а живеат во Австралија, Хрватска, Австрија, Шведска и Словенија, велат од тимот на манифестацијата.

Според нив, одличниот одѕив е јасна и силна потврда дека Анте Поповски е поет кој со своите стихови и стил на изразување претставува вистинска инспирација, но и своевиден идол на нови генерации творци кои се изразуваат во стих.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.