На 11 јули (понеделник), со почеток во 20:30 часот, во летното кино Мирно лето, Кинотеката ќе ја претстави дигиталната верзија на краткометражниот игран филм БУНТОТ НА КУКЛИТЕ на Димитрие Османли од 1957 година.

Воедно, Кинотеката има посебен повод за тоа затоа што проекцијата на БУНТОТ НА КУКЛИТЕ ќе биде ПРВА ПРОЕКЦИЈА на новиот дисипи проектор (со нов 5.1 аудио процесор и придружна опрема) кој беше инсталиран деновиве. Со оваа врвна професионална техника, Кинотеката, искуството на гледање филмови во летното кино го приближува до она во затворен простор. Филмот БУНТОТ НА КУКЛИТЕ неодамна беше претставен на Фестивалот на новореставрирани филмови (Il Cinema ritrovato), без сомнение најреномираниот фестивал од овој тип „филмофилски“ фестивали во светот кон крајот на јуни и почетокот на јули во Болоња. На наше изненадување филмот беше прикажан на самото отворање што беше големо признание за нашата кинематографија, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.