Друштвото на филмски работници ги демантира информациите изнесени во јавноста дека постои конфликт на интерес во изборот на Бранко Петровски за член на Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ. Бранко Петровски повеќе не е член на Надзорниот одбор на ДФРМ, а со започнувањето на 2024 година, не е на ниту еден начин ангажиран во Агенцијата за филм, се вели во соопштението на ДФРМ.
Според законската обврска, Друштвото на филмски работници номинира член во Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ, и во новоизбраниот состав тоа е Бранко Петровски.
Бранко Петровски е искусен и докажан професионалец во филмската дејност, почитуван во фелата и со особено искуство на домашен и меѓународен план во доменот на евалуација на филмски проекти, вклучувајќи и ангажман во европскиот филмски фонд „Еуримаж“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.