На 31 март, во Националната опера и балет премиерно ќе бидат изведени две претстави на детската балетска претстава „Петар Пан“.
Станува збор за омилениот лик и роман на Џејмс Метју Бари, таткото на вечните деца и на сите оние што не сакаат да пораснат. Ова е претстава за сите убавини на земјата Недојдија, за имагинација оплеменета со многу добра музика, игра и разноразни чудесии што ќе ги анимираат децата во претставите од 17.30 и 20.00 часот. Петар Пан е синоним за палавоста, волшепство и семожност, за магичен прав со кој летаат малечките херои и светот, едноставно станува волшебен.
Оргиналноста на оваа претстава за деца и за сите оние што си го чуваат детето во себе е што нема класичен наратор туку либретото го пее Ѕвончица преку различни песнички.
Сценариото и сонговите ги потпишува Ристо Самарџиев, кореографија и режија е на Ирена Лозинска, a визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска и сценографијата на Љупчо Јованов. Музиката ја потпишува Владимир Дојчиновски -Дојчин, а продукцијата на М- Соунд.
И уште нешто: Петар Пан е музичко балетски спектакл во кој учествуваат 56 деца од балетско студио „Арт балет“, заедно со Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау, гостите при балетскиот ансамбл. Билетите можат да се набават на mktickets.mk, Југотон и Литература.мк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.