Во вторник, 5 декември 2023 година, во просториите на Europe House Скопје, со почеток во 18:30 часот, ќе се одржи работилница за деца насловена „Во светот на пештерите”.

Ги повикуваме сите млади трагачи на авантури да научат за спелеологија (Наука за проучување на пештерите). Подгответе се за незаборавно патување во мистериозниот свет под нашите нозе и придружете ни се на овој спелеолошкиот настан дизајниран само за деца!

 

Научете за спелеологија како спорт, пробајте дел од опремата (проба на шлемови, светла итн.), учествувајте во работилница за изработка на пештерски украси и искусете импровизирана пештера од мебел.

Презентациите за пештери и спелеолошка опрема ќе ги раководат д-р Билјана Гичевски и Беркер Самет, а за секое дете-учесник подарок книга „Тајните на македонските пештери” и диплома за учество.

 

– Максимум број на учесници: 15 деца
– Возрасна група: од 8 г. до 12 г.
Задолжително пријавување на настанот:
https://forms.gle/CgsLhW9C7CgjGJK19



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.