Десетмина колекционери и три ансамбли ќе бидат дел од годинашната Ревија на народни носии што вечер ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга на тема „Обредни народни носии“.
Организатор на манифестацијата е Културно-уметничкото друштво „Илинден“, чиј раководител Љупчо Милошески за МИА информира дека 50-тина ревијалци на сцената ќе ги презентираат обредите и обредните народни носии.
Покрај ревијалците и нивните носии и перформанси, посочи дека публиката ќе има можност да ги погледне и настапите на ансамблот „Македонија“. Ќе биде отворена и изложбата со фотографии од монографијата на народни носии нa професор д-р Владимир Јаневски, а ќе биде прикажан и етнолошкиот филм „Велигденските обичаи во Порече“.
Препознатливата за Струга, „Ревија на народни носии“, полека, но сигурно се издигнува на пиедесталот на настани и го зазема своето заслужено место на македонската културно-уметничка сцена, вели Милошески.
Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, преку проектите од национален интерес во културата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.