Од Кинотеката најавија проекции на неколку филмови во склоп на Денови на шведскиот филм кои ќе се одржат од 6 до 12 јули.

Оттаму велат дека каратеристични по посебната атмосфера, посебниот пејсаж и (се)присутниот момент на интроспекција, шведските филмови од самиот почеток на националната кинематографија се наметнаа како најбитни и како највлијателни во рамките на скандинавското кино.

„Почетоците на шведската кинематографија датираат од првата декада на минатиот век. Во 1911 година се оформува институцијата ‘Svenska Biografteatern’, а во неа се вработуваат филмските автори Виктор Шјостром и Мориц Стилер. Одличното водење на институцијата, како и соработката со актерката Грета Гарбо, го каракеризираат почетокот на шведското кино. Во 1940-те, на филмсата сцена се појавува Ингмар Бергман, секако напознатиот и најпочитуван скандинавски филмски автор. Една деценија подоцна, по појавувањето на култниот филм Седмиот печат, Бергман станува интернационално признаен филмаџија, посебно почитуван во академските интелектуални кругови. Неговите филмови од првата половина на шеесеттите, The Virgin spring (1960) и Through a Glass Darkly (1961), ја добиваат престижната награда Оскар за најдобар странски филм. На самиот крај на таа декада, на кино сцената дебитира Рој Андерсон, уште еден битен и карактеристичен шведски филмаџија. Неговиот Lördagen den 5.10 од 1969 г., ја добива главната награда на филмскиот фестивал во Берлин. Во осумдесеттите години од минатиот век Ингмар Бергман се пензионира, а Ласе Халстром, режисерот на видео-спотовите за сингловите на групата АББА, добива две статуетки Оскар за играниот проект My Life as a Dog“, велат меѓудругото од Кинотека.

Распоредот за проекциите е:

6 јули, 20 часот: Триаголник на тагата (Triangle of Sadness);

7 јули, 20 часот: Хилма (Hilma);

8 јули, 20 часот: Совршен пациент (The Perfect Patient a.k.a. Quick);

9 јули, 20 часот: Едно убаво утро (Un Beau Matin);

10 јули, 20 часот: Мојот живот како комичар (Еn komikers uppväxt);

11 јули, 20 часот: 438 дена (438 dagar);

12 јули, 20 часот: Клара Сола (Clara Sola).

Влезниците за сите проекции чинат по 150 денари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.