MАСТЕРКЛАС со Елиф Ронген-Кајнакчи, куратор на неми филмови во Eye Filmmuseum
– КАКО ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВА НЕМ ФИЛМ?
Кога филмската лента ќе пристигне во архивата, честопати не се знае за каков филм станува збор. Задачата на филмологот е да ги отвори ‘рѓосаните кутии и да ги прегледа и идентификува овие филмски ленти. Бидејќи филмската продукција подразбирала производство на многу копии и нивно испраќање насекаде низ светот, голема е веројатноста некој филм да се појави на некое неочекувано место.
И покрај ваквата практика на копирање и дуплирање, поголемиот дел од филмовите направени во периодот на немиот филм, од 1895 до 1930-тите, денес се сметаат за изгубени. Сепак, во секоја филмска архива има и бројни филмски ленти кои сè уште чекаат да бидат правилно идентификувани. Оваа презентација има за цел да ги објасни методите на идентификација, кои понекогаш се слични на детективската работа, преку реални примери на изгубени и пронајдени филмови од збирката на Eye Filmmuseum.
– МУЗИЧКИ ПАРТИТУРИ ЗА ПРИДРУЖБА НА НЕМИ ФИЛМОВИ НА ПЛАТФОРМАТА НА EYE FILMMUSEUM
– EYE FILM PLAYER
Во последниве години, Eye Filmmuseum соработуваше со различни музичари со цел да напишат и снимаат партитури за неми филмови кои се дел од нивната збирка, а кои потоа биле поставени на нивната стриминг-платформа Eye Film Player. Оваа презентација ќе го објасни бизнис моделот што го создале од кој произлегле различните соработки, но и тоа како се вршел изборот на музички дела. Презентацијата ќе прикаже и краток преглед на претстојните соработки кои Eye Filmmuseum веќе ги остварува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.