Во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм, денеска во Кинотека ќе биде прикажан филмот КАЛАБАКА: ТАЈНИТЕ НА НЕПОЗНАТАТА ЕВРОПА.
30 АВГУСТ (СРЕДА)
19:00 ч.: СТЕПЕН НА УБИСТВО (Mord und Totschlag / Degree of Murder)
21:00 ч.: КАЛАБАКА: ТАЈНИТЕ НА НЕПОЗНАТАТА ЕВРОПА (Kalabaka: Die Geheimnisse des unbekannten Europas / Kalabaka: The Secrets of Unknown Europe)
Документарен филм, Германија
1928, 81 мин., црно-бел, ДЦП
Со пронаоѓањето на филмот, истражувачите на светот, патниците, мисионерите и експедициите
честопати биле придружувани од сниматели. Тие со помош на филмските камери патувале и
создавале фасцинантни документи, кои сега имаат висока историска и уметничка вредност. Непознатиот регион за Европејци од почетокот на 20 век, Балканот, претставувал егзотично место кое се наоѓало на самиот праг, а било средиште на култури, јазици и религии. Еден од овие филмови-репортажи што ја прикажува непознатата Европа е КАЛАБАКА (создаван околу 1927) и претставува еден вид кинематографски извештај за една експедиција на Балканот. Германската филмска компанија „Хегевалд“ го испраќа патувачкиот репортер Фред фон Болен-Хегевалд, да замине од Австрија кон југот на Европа па сè до Багдад во специјален „репортерски“ автомобил. Тој минува низ повеќе места – Мостар, Скопје – каде ги посетува Дервишите, Солун и комплексот манастири Метеори во близина на градот Калабака.
КАЛАБАКА, што во буквален превод значи „тврдина“ е филм кој нуди извонреден и неповторлив
портрет на овие предели делумно низ очите на „објективен“ снимател, но повремено создава и
мала приказна која го води гледачот низ едно големо патешествие
Музичка придружба:
Добрила Грашеска – вокали, лупови
Дориан Јовановиќ – ут, електроника
Проекцијата е во соработка со EYE Filmmuseum од Амстердам, а како дел од таа соработка публиката, исто така, ќе може да го види и филмот БРИЛИЈАНТНИОТ БИОГРАФ: НАЈРАНИТЕ ПОДВИЖНИ СЛИКИ НА ЕВРОПА (1897 – 1902) – компилација на филмови од најголемата зачувана збирка на „Мутоскоп и Биограф“ во светот.
За нас е особено значајно што оваа година гостинка на фестивалот, покрај Гало, ќе биде и Елиф Ронген-Кајнакчи, куратор на неми филмови во Eye Filmmuseum oд Амстердам. Таа ќе одржи и две работилници – едната за идентификација на неми филмови, а другата за платформата за музички партитури за неми филмови – Eye Film Player – која неодамна холандскиот филмски музеј ја направи достапна за јавноста, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.