Издавачката куќа Феникс во соработка со Канадската амбасада од денеска до 15 февруари организира „Денови на канадската литература“.
Како што е најавено, на денешното свечено отворање на манифестацијата во Друштвото на писателите на Македонија, ќе присуствуваат високи претставници од Канада и Канадската амбасада, како и претставници од повеќе македонски издавачки куќи. Притоа, ќе бидат претставени изданијата од канадски автори, објавени на македонски и албански јазик, а поддржани од Канадскиот совет за уметност.
Ќе бидат презентирани и наградени книги од канадски автори, кои досега не се објавени кај нас.
Во рамки на „Деновите на канадската литература“ ќе бидат одржани промоции, мини саем на книги и креативни работилници за деца и млади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.