Во Музејот на македонската борба вечер ќе се одржи концерт на Андреј Наунов на пијано и Кристијан Жермен од Австрија, во рамки на Скопско лето. Настанот е во соработка со Австриската амбасада во Скопје.

Во Театарот за деца и младинци денеска ќе биде прикажана претставата „Некој нека ми каже колку сум важен“.

Во претставата играат Мики Анчевски – Курт, Марија Ѓорѓијовска – Бад, Гунар, премиерот, Никола Наковски – раскажувач, Ана Лиз, Продавачот Мефисто, Капетанот, Госпоѓата, Пациентот.

Ненад Митевски – раскажувач, Курт Газирано, архитект, доктор Петер, полицаецот, Главниот Доктор, Цариник, Штауб, Ангела Димитрова раскажувач, Елена Дебелата, архитект, Докторка Нина, гатачката, воспитувачка, новинарката, докторката, старата госпоѓа.

Исто така, во Куршумли подоцна ќе се одржи концертна промоција на албумот „Вида“ на Мијата.

Овој настан е потпомогнат од Македонска Радио Телевизија, Буба мара радио, Институтот Јунуз Емре и уште неколку спонзори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.