Вонвременската балетска претстава „Оревокршашка“ од Петар Илич Чајковски вечерва и утревечер од 20 часот ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет. Кореограф е Василиј Иванович Ваинонен од Русија, адаптацијата е на неговиот сонародник Михаил Крапивин, додека сценограф е Анатолиј Нежњи. Костимограф е Љупка Ристовска. Репетитори се: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Билјана Пашариковска, Дафина Данилоска-Кочевска, Маја Митровска-Богојевска. Во главните улоги настапуваат: Марија Кичевска-Шокаровска (Клара) и Франциско Хименес Руиз од Шпанија (Принц).

Настапуваат првенците, солистите, балетскиот ансамбл при Националната опера и балет и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.