Јавната локална библиотека Илинден од Делчево, денес ги додели наградите за најчитетелите-мажи. Наградите како што истакна директорката на установата Биљана Петровска, вообичаено се доделуваат пред крајот на летото за читателите од машки пол со најмногу прочитани книги.

-И овој септември ЈЛБ „Илинден“-Делчево, креира топ 5 листа на најчитатели мажи. Овој пат, на листата се најдоа следните наши членови: 5 место за Кирчо Димитровски, 4 место за Благој Митевски, на 3 место се најде Мартин Атанасов, на 2 место Ненад Јовановски и на 1 место за Тони Георгиевски.Честитки за сите. Мило ни е што беа наши гости денес и посакуваме да бидат и понатаму наши редовни читатели, рече Петровска.

Главната констатација за време на средбата која се одржа во библиотеката по повод доделувањето на наградите е дека се зголемува бројот на читатели-мажи.

-Бројот на мажи читатели во библиотеката и понатаму е помал во однос на жените кои се наши читатели, но и понатаму се надеваме и посакуваме бројот на машки членови да се зголеми, додаваат од ЈЛБ ,,Илинден” Делчево.

Претходно библиотеката додели награди и за читателите-жени со најмногу прочитани книги.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.