Во кафе-книжарницата „Буква“ денеска во 18 часот во рамките на конференцијата „Стратегии во уметноста“, ќе се одржи дебата за филм и фотографија. За филмот ќе зборуваат Игор Иванов Изи, Дарко Набаков, Јане Алтипармаков, Иван Ивановски, Алек Василевски од Кинотека на македонија, Жарко Иванов од Флип бук и Ана Василевска. Дебата за фотографијата ќе ја водат Кирил Штрков, Зденко Петровски, Тоше Јанев, Дејан Колевски, Димитар Апостолов, Искра Трајчева и Јелена Белиќ.
Дебатата се организира во рамките на 15. сезона на уметничката резиденција „Креативен викенд“. Целта е да се отвори дискусија за уметничката сцена во земјава, да се укаже на слабостите и можните решенија, да се зборува за тоа што недостасува и како би можела да се подобри инфраструктурата којашто им овозможува на уметниците подобар амбиент за нивното творење и поддршка на промоција на нивните дела во Македонија и надвор од неа.
По дебата ќе следи настап на Аксиотомик, lXgram и Добрила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.