Книгата “Македонското традиционално народно пеење во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора” од Андријана Јаневска, ја презентира моменталната состојба на традиционалното народно пеење, но истовремено се фрлa светлина врз минатото низ кое поминувало ова македонско народно музичко-фолклорн творештво во регионите наведени во самиот наслов.

Книгата опфаќа два дела. Во првиот дел се опишуваат географско-историските и демографско-социополитичките карактеристики на македонскиот ентитет во трите региони, а направен е и осврт врз досегашните проучувања на: етномузиколошките, етнолошките и фолклористичките истражувања. Во овој дел се претставени обредите и пејачките жанрови на Македонците од овие регоиони, како и народните музички инструменти кои најчесто се употребуваат. На крајот од овој дел се укажува на специфичноста на пејачката практика, а образложени се и метроритмичката и мелодиско-созвучната компонента на песните.

Во вториот дел од трудот се приложени: нотните и текстуалните примери, како и дијалектните текстови запишани за време на теренските истражувања во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. На крајот од вториот дел се приложени: речникот на помалку познати зборови и дијалектизми, картите и фотогрфиите.

Истражувањата покажаа дека чувството за: песната, јазикот, припадноста и идентитетот никогаш не ги напуштиле Македонците од овие региони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.