Во понеделник на 15 јули 2024 година, на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, ќе имате можност да присуствувате на вечер на звуци, зборови и бои, вечер на емоции и впечатоци.

Читаме и сликаме музика со извонредните:

Весна Станојевска Микиќ, харфистка
Александар Микиќ, актер
Валентина Илијевска, академски сликар

Не пропуштајте ја можноста да уживате во убавата музика, актерскиот перформанс и визуелната уметност низ динамична атмосфера и интеракција со публиката.

Настанот е во рамките на манифестацијата Кривопаланечко културно лето и Крива Паланка – Град на културата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.