Културно информативниот центар Скопје вечер организира настан во чест на Кочо Рацин насловен „Чествување на поезијата на Коста Солев Рацин.

Речиси осум децении од смртта, а сè уште ненадминлив, сè уште најсакан од нацијата, сè уште токму неговите стихови се оние кои секој Македонец умее да ги каже наизуст. Љубовта и почитта се нешта што не се стекнуваат сосила, а нашиот Рацин е токму од обичниот, питом македонски народ прифатен за свој, како најголем меѓу големите, велат од КИЦ – Скопје.

Дел од настанот ќе бидат Тихомир Јанчовски, Моника Силјановска и Горазд Китановски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.