Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска го честита 5 ноември, Меѓународен ден на ромскиот јазик.
Ја славиме културата на Ромите како дел од заедничкото културно богатство. Празнувајќи го 5-ти ноември како Меѓународен ден на ромскиот јазик, повикани сме да го даваме нашиот придонес во чувањето и негувањето на културните особености на Ромската заедница. Прифаќањето на важноста и еднаквоста на сите јазици е нашиот влог за богатството на нашето општество како мултикултурна ризница и на обединети различности на кои треба да бидеме горди. Во новата Стратегија за Роми 2022-2030 година, предвидуваме конкретни цели и мерки насочени кон развој на кадри кои ја негуваат ромската култура, традиција и јазик преку обезбедување стипендии по профили и можности за отворање признаени курсеви, катедри за создавање на наставници за изучување на ромскиот јазик, напиша министерката на својот профил на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.