Јубилејното 35. издание на Саем на книга веќе е во полн ек, а широките коридори во Арена – Борис Трајковски, – со распоред и растојание на штандовите, осмислени согласно сите стандарди за реализација на културна манифестација од ваков вид, – секојдневно се исполнети со посетители, кои комфорно ги разгледуваат саемските понуди на штандовите на повеќе од 60 издавачки куќи. Толку многу жанрови и авторски стилови, што има сѐ за секого, дури и за читателите со најмногу желби, барања, очекувања.
Голем број на реномирани и познати авторски имиња веќе се појавија и се дел од програмата во најпознатата арена во Скопје, во којашто од 4ти мај, согласно уредениот простор за потребите на овој саем, не се видливи трибините, ниту пак се има чувство дека посетителите се наоѓаат во спортска сала, туку во еден сосема поинаков трансформиран простор. Игор Џамбазов, Влада Урошевиќ, Ана Јовковска, Венко Андоновски, Васил Мукаетов, Наташа Сарџоска, Велко Неделковски, Станислав Петковски-Сашо, Виолета Танчева-Златева, Вања Изова, Петар Андоновски, Анде Јанков, Ана Аврамовска, Дарко Симуновски, Александар Прокопиев, Бистра Георгиева, Игор Станојоски, Жарко Кујунџиски, се само дел од многуте имиња кои се дел од годинешната програма на средби и читања со автори на Саем на книга. Во самиот простор, саемот и штандовите ги красат висечките табли со мисли од безвременски легендарни имиња во македонската и светската книжевност како Кочо Рацин, Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Лав Толстој, Франц Кафка…
Интернационалното име во светот на модерната литература, авторот Крис Картер, во организација на „Сакам книги“, во неделно расположение, на 07.05.2023 од 12 до 15 часот ќе го посети Саем на книга на штандот на издавачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.