Април го започнуваме со две обуки и тоа, 6-дневна интензивна „Работилница за применет и партиципативен театар“ и Курс за аудио поткаст во рамките на проектот Arts Hub, информираат од КСП Центар Јадро.

Во склоп овој долгорочен проект, КСП Центар Јадро продолжува и со Бесплатниот четиримесечен курс за аудио продукција.

Проектот Arts Hub е место за спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците и сите оние што се заинтересирани ќе можат да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини.

Главна цел на проектот е да се мотивираат уметниците кои што работат во различни уметнички дисциплини да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност, специфичните форми на театар, аудио продукцијата и аудио подкаст, фотографија и видео и како и тоа да се поттикнат, користејќи го стекнатото искуство низ едукативниот процес да создадат свои партиципативни проекти преку кои ќе имаат импакт во заедницата и ќе делуваат во подигање на свеста за разни социјални и политички теми и проблеми.

Покрај активностите во склоп на проектот Arts Hub, во месец април не го пропуштајте и предавањето „Вовед во критичка психологија“ со проф. др. Атанасиос Марвакис (Грција) | 10 април (понеделник) во 17:00 часот, во просториите на КСП Центар Јадро.

На 18 април (вторник) во 20:00 часот се отвара самостојната изложба „Панта реи “ на Наташа Гелева, која ќе биде отворена за посетителите од 18 до 28 април.

Месецот го завршуваме со две изведби на танцовиот перформанс „I AM YOU“ на Искра Шукарова и Тереза Лазарев. Проследете го перформансот на 29 април (сабота) во 20:00 часот или на 30 април (недела) во 20:00 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.