Босанскиот издавач Buybook ја објави „Господ, па Америка“ од Румена Бужаровска.

Во дворот на босанскиот издавач, „Господ, па Америка“ синоќа беше промовирана заедно со „Каде исчезнаа рибите“, нова стихозбирка од Тугомир Матиќ. Промотори беа Матеј Вребац и Шејла Џиндо.

Преводот од англиски на босански јазик е дело на Сенада Кресо, а книгата е дел од едицијата уредена од Семездин Мехмединовиќ. Самиот уредник на едицијата, за книгата кажа: „Напишана духовито и жестоко, оваа американа им припаѓа на најдобрите од својот вид, во духот на есеите на Џоан Дидион, но во својот описна културните и политичките аномалии на денешната Америка, Бужаровска го задржува отрезнувачкиот и непоткупливиот поглед на набљудување отстрана, оној македонскиот или балканскиот, ослободен од сите илузии на денешниот свет“.

„Господ, па Америка“ оригинално е напишана од авторката на англиски јазик, од коешто издание е направен и овој превод. Есеите постапно беа објавувани на српски јазик на „Велике приче“, а во јули од ТРИ изјавија дека есеите се здобија со второ издание на македонски јазик.

Овој превод е уште еден доказ за тоа зоштоРумена Бужаровска е една од најпреведуваните домашни авторки, а за светот претставува уште една можност нејзиното писмо да стигне до што е можно повеќе читатели“, вели издавачот „ТРИ“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.