Во деновите кои доаѓаат во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци следува богата програма.
Од 9 до 11 мај 2024 (четврток до сабота) ќе има хуманитарно донаторска театарска недела во организација на Лајонс клуб Тиквеш – Кавадарци со претставите:
– четврток, 9 мај, 20 часот – „Вечера за глупаци“ на Театар „Џинот“ Велес
– петок, 10 мај, 20 часот – „Синиот портокал“ на Театар „Џинот“ Велес
– сабота, 11 мај, 20 часот – „Каша и кубаси“ на Театар при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци

– среда, 15 мај, 19.30 часот – Отворање на постхумна ретроспективна изложба на Андријана Мациев насловена како „Љубов за сите“

– четврток, 16 мај, 19 часот – Концерт на НУ „Танец“ насловен како “Танец низ татковината“

– вторник, 21 мај, 19 часот – Театарска претстава “Убавицата и ѕверот“ на Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.