Политичкиот трилер во режија на Гоце Цветановски, „Бизнисот на задоволството“ вечерва (19 декември) ќе биде прикажан на 21. издание на Chennai International Film Festival во Индија, како дел од официјалната селекција во програмата World Cinema competition.
„Бизнисот на задоволството“ досега е селектиран на повеќе од 20 меѓународни филмски фестивали во Европа, Америка, Јужна Америка и Африка, и е добитник на пет интернационални награди.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за Филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.