Детски претстави, концерти на бендови, празничен базар, улични перформанси и ДЏ сетови доминираат во осумте денови континуирана програма на “Зимска приказна” – празничен фестивал кој минатата година го иницираше Општина Битола, а оваа година со уште пообемна програма и на повеќе локации.

62 проекти, распоредени во 300 часови активна програма распоредена во официјалната програма која годинава ќе се случува на две локации. На празничиот плоштад пред Офицерски дом и во Старата битолска чаршија.

ОФФ програмата, пак ќе има улични музички перформанси на Широк Сокак и пратечка Диџејска програма низ битолските кафулиња.

И покрај големите предизвици со кои сме соочени, од аспект на економската и енергетската криза, успеавме да овозможиме како што се практикува на нашите простори, градот да блесне во новогодишен сјај, во пресрет на Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“, или како што вели традицијата: новогодишната магија да владее во периодот на големите празнувања од „Свети Никола“, до „Водици“, што претставува доволно време за да се почувствува радоста во градот, а притоа да дејствуваме согласно ограничувањата кои ни ги наметнува состојбата на кризата. Овој проект го реализираме со поддршка на локалните комапнии кои и минатата и оваа година ја подржуваат Зимска приказна, зошто заедно проценивме дека таа е веќе туристички производ кој привлекува гости од соседните градови кои доаѓаат на бесплатните концерти и пратечка забава која ја организираме, а градот и сите бизниси во него имаат бенефит од бројните посетители, истакна градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на вчерашниот прес кој го одржа пред Офицерски дом.

Со настапот на многунаградуваниот Танцов клуб Expose и звуците на класиците од периодот на романтизмот, по што ќе следува концертот на возобновениот Битолски дувачки оркестар со биг бенд репертоар и легендарната рок група Гром, сите од Битола ќе започне првата вечер на Зимска приказна.

Сите изведувачи и учесници се локални уметници, а на новогодишната ноќ Љубојна ќе го означи стартот на Новата 2023.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.