Вршителот на должност директор на Народниот театар во Белград (НП), Светислав Буле Гонциќ, денеска изјави дека предложил да се одржи „Отворен Балкан фестивал“ на кој ќе бидат вклучени културни институции од највисоко значење во Србија, Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.
Гончиќ на прес-конференција во Народниот театар рече дека ваквиот предлог наишол на многу добар одзив на неодамнешната средба на „Отворен Балкан“ во Охрид во разговор со министрите и директорите на националните театри на Македонија и Албанија, како како и манифестацијата „Охридско лето“.
Сметаме дека оваа иницијатива е најдобриот начин да се заокружи сликата на туристичка и културна размена која ги надминуваат формалните граници. Културата е многу поширока, нагласи Гонциќ.
Според неговите зборови, партнерите од Македонија и Албанија биле поканети на консултативна средба на која ќе ги постават „основните параметри за одржување на ваква размена, која би претпоставувала и натпреварувачки дел, но и размена на уметници од областа на операта, балетот и драмата“, како и покренување на конкурс за драмски текст.
Гонциќ рече дека „иницијативата била добро прифатена“ и затоа што „Отворениот Балкански фестивал“ би можел да се одржи во Белград, Скопје и Тирана, со гостувае и на други од регионот.
-Кога ќе ги завршиме дискусиите, ќе ве информираме за датумите и начинот на покренување на фестивалот. Мислам дека ова е многу важно и дека националната куќа (НП) има обврска да спроведе нешто такво во дело, рече Гонциќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.