Издавачката куќа „Бегемот“ од Скопје го издаде второто издание на книгата „Урбани легенди“ од Васко Марковски, која првично беше објавена во 2018 година.
„Урбани легенди“ содржи приказни за 50-тина урбани легенди, главно од Скопје, но и од Охрид, Струга, Битола и хронолошки тие опфаќаат период од педесетина години, од катастрофалниот земјотрес на Скопје во 1963 година па до денес.
Второто издание веќе е дистрибуирано во книжарниците, дополнето со неколку пост-скриптуми и мали корекции во текстот и има нов дизајн на корицата која е дело на Наталија Лукомска, полска илустраторка и графичка дизајнерка која живее во Скопје.
Зи-Зи (топ)“, „Ван Гог“, „Круг“, „Сабвеј“. Сале Арарат, Зоки Панкер („Балет“), Роки, Силва и Ѓоко, Соња Андерграунд, Деко, Панде (МКЦ), Миле и Драги („Пони“ и „Браво“) , Реџеп Пампур Ружниот, Рокабилите, Ситна, „Океан Пацифик“, Замокот во Црниче, Коцка, …Тоа се луѓето, местата, феномените кои Марковски ги опиша во „Урбани легенди“.
Васко Марковски е туристички водич, патеписец, фотограф, писател и литературен преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Најголемиот дел од професионалната кариера работи како новинар во петнаесетина медиуми: радио, дневни и неделни весници, мултимедија. Од 2018 година се посветил на професијата туристички водич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.