Уште едно издание на Баскер фест со атрактивни и бравурозни точки се организира вечерва, 13 август, со почеток во 20,00 часот, на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка.

И на оваа забавна вечер со отворениот уличен фестивал “Баскер фест” се очекува спектакл под отворено небо со кловнови, жонглери, пантомима, атракција со танчери, марионети, стрелаштво, музика и забава за сите.

„Баскер фест” нуди улична уметност за сите генерации, а најмногу радост и возбуда за најмладите.

Настанот го организира Општина Крива Паланка во рамки на програмата на “Кривопаланечко културно лето” и Крива Паланка – Град на културата”.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.