На 1 и 2 март 2022, со почеток во 20.00 ч. на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе „АНА КАРЕНИНА“, балетската претстава во два чина со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски
Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.
Во повеќе од два часа, балетските уметници на Националната опера и балет, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова Атанасовска како Ана Каренина, Никола Хаџитанев (Бугарија) како Вронски, Емил Јорданов (Бугарија) како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…
Настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.
Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Задолжително е носење на заштитна маска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.